Негативен тестот за коронавирус на кочанецот сместен во штипската болница

Кочанецот кој од вчера е сместен во изолациската болничка соба на Инфективното одделение во Штип е со негативен тест за коронавирус. Станува збор за маж од Кочани кој е професионален возач и деновиве се вратил од Италија.

Од Клиничкиот центар во Штип информираат дека резултатите од направениот тест покажуваат дека пациентот е негативен на коронавирус, а епидемиолозите ја следат неговата здравствена состојба, по што ќе одлучат кога ќе биде пуштен на домашна нега.

Пациентот бил донесен со сомнителни симптоми вчера, во придружба на епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кочани, при што веднаш бил хоспитализиран на Инфективното одделение во штипскиот Клинички центар.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial