Негативната селекција која побрза да стане позитивна!

Постизборно излезе целата Негативна селекција таложена со години наназад. Се виде колку неоправдано и преценети луѓе биле во минатото на позиции, од МК, ОК, ИК до министри, директори, шефови, секретари… Таа Негативна а прекрасно контролирана селекција беше јажето на вратот на една декада владеење…
Тие преценети, неправедно качени на престоли на личната им патриотска агенда ама ничија друга направи да избегаат младите подалеку од ова парче со думата:

Погледни го кој е власт шо ќе тражам ја тука!
Знам дека ова боли особено кога го читаат засегнатите ама тоа е…
Или посликовито си биле еден Мајстор, една Маргарита и еден сет конци за кукли…

Или уште подраматично, било тоа време кога Злостворството немало Казна, но секогаш алиби… Позитивните дела на одредени ликови еден голем параван за зделките ситни на ситнопијаните и петќебапски муабети на дневните политиканти кoи ги знаат на работа а тие кркаат гага под ладовини на пајтони и под пајтони…

Срамот не се брише за еден ден, месец, година…

Гоце Марков

Сподели: