Неизвесно одржувањето на ридско-брзинските трки на Пониква

Неизвесно е одржувањето на ридско-брзинските трки на патеката кон Пониква закажани за викендов на 10-ти и 11-ти октомври.

Претседателот за спорт на Автомобилистичката федерација на Македонија, Ранко Станојковски во изјава за интернет порталот „Гласно“, информира дека моментално се прават напори за одржување на трките по реакцијата на угостителите за одложување на истите.
Денеска ќе се одржи официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев и дел од угостителите од Пониква за да се изнајде заедничко решение околу одржувањето на трките.

Воедно, од Автомобилистичката федерација на Македонија информираат дека се уште ја чекаат и дозволата од страна на СВР-Штип за користење на патниот правец кон Пониква.

Оттаму додаваат дека во текот на денот ќе се знае дали викендов на Пониква ќе се возат двете финални трки од првенството во автомобилизам, за што интернет-порталот „Гласно“ дополнително ќе ја информира јавноста.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial