Разрушени камења од популарниот р’тм на Кочанска река и бетонска поставка со клупа се уште се неми сведоци на сообраќајната несреќа што минатиот вторник се случи на крстосницата на мостот кај Шопинг центарот во Кочани.
Остатоци од срушеното оградно ѕидче од кејот и клупата се уште се во тревникот на коритото на реката и нема кој да го расчисти просторот што настрада во сообраќајната несреќа. Наместо досега местото да е расчистено и да се постави нова клупа, просторот е идентичен како и пред седум дена. Очигледно на надлежните од КЈП „Водовод“ не им пречи грдата слика од разрушен бетон во центарот на Кочани.
Во сообраќајната несреќа помеѓу две возила што минатиот вторник се случи во центарот на Кочани освен материјална штета, за среќа немаше повредени лица.
И. Матеничарски