Непознат маж се обидел да силува 86-годишна жена во Кочани

Непознато лице вчера се обидело да силува 86  годишна жена, по што физички ја нападнал и ја ограбил.

„На 27.06.2020 во 08.00 часот било пријавено дека на 26.06.2020 околу 00.00 часот во Кочани, непознато лице се обидело да изврши обљуба врз 86-годишна жена во нејзиниот дом, физички ја нападнал по што ѝ одзел материјални средства“ соопштуваат од полиција.

Извршен бил преглед од лекар, а за настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели: