Во неделата во попладневните часови, од страна на непознат сторител намерно е скршен и онеспособен главниот доводен водоводен цевковод за снабдување на вода за домаќинствата во с.Видовиште со цел да останат без вода сите домаќинства во с.Видовиште. Претходно на ден во петокот, во поладневните часови беа онеспособени вентилите на доводниот водоводен цевковод во близина на манастирот св.Спас во с.Видовиште а со иста цел да се прекине водоснабдувањето до резервоарот за водоснабдување и домаќинствата да останат без вода, обвинија од Општина Зрновци.
– Имајќи во предвид дека со овие дејствија се врши материјална штета на објект со кој што стопанисува КЈП „Водна Кула“Зрновци, уште посериозен проблем од материјалното е оставање без вода и по два, три дена во домаќинствата во с.Видовиште во период од годината со пеколни високи температури и прогласена протокалова фаза.Според специфичноста на теренот и местоположбата на објектите за водоснабдување и коментари од јавноста претпоставуваме дека сторител на овие дела е жител на самото село., истакна Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.
„За откривање на сторителот и спречување на понатамошни вакви несакани дејствија од истиот, како институција за откривање на криминал и спречување на кривични дела до Основното јавно обвинителство Кочани денес поднесовме кривична пријава. Се надеваме на брза реакција од органите и откривање на сторителот на овие злодела“.