„Секој петок по една“ – Не на тебе, туку на оној погоре

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Не на тебе, туку на оној погоре

Меѓу Мато и случаен минувач

Пишува: Доне Донев

Имаше еден градски човек. Педантен, испеглан, елегантен. Вистински господин. Секогаш со костум и вратоврска.

Работеше воедна градежна фирма. Сите го знаеја како Мато, а како му беше името – не знам. Само го знаев како Мато.

Човекот малку зафаќаше на јазикот, односно малку пелтечеше. Службите на градежната фирма во којашто работеше беа над автобуската станица, а тој таму беше службеник.

Секогаш се возеше со велосипед. Еднаш спуштајќи се надолу со велосипедот, еден од колегите (Нако) одел кон угорницата за кон работата, а Мато се возел за во град. Колегата Нако му кажал „здраво“, а Мато спуштајќи се со велосипедот, го одминал и се сретнал со случаен минувач којшто кога го чул Мато како изговара „здраво“, му возвратил исто така со „здраво“.

На ова Мато му рекол:

– Не ккккажем тетететеби, пизда ти ммммматерина, веќ ономе
горе!!!/крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: