Членовите на Ротаракт клубот Кочани-Виница уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело. Во соработка со компанијата „Комфи Ангел“ тие денеска донираа постелнини, перници и јоргани на Здравствениот дом Виница. Со оваа донација тие помогнаа во подобрување на условите за пациентите во оваа здравствена установа .
Во низата активности младите ротаријанци оваа недела во соработка со ООМУ „Ристо Јуруков“ репарираа и две хармоники кои сега се ставени во функција за учениците во ова училиште. Дополнително во соработка со уметникот Орхан Ќамилов се уреди и ѕид на една од училниците со уметничко дело со музичка тематика.
Членовите на Ротаракт клубот Кочани-Виница со своите активности се добар пример за целата заедница.


И.Матеничарски