Кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на СДСМ ќе се знае на 8-ми септември, соопшти денеска на прес-конференцијата Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.
Владејачката СДСМ денеска објави 17 кандидати за градоначалници на општини меѓукои не се најде и кандадатот за Кочани.
– Останува да официјализираме уште еден кандидат, а тоа е за градот Кочани, каде што сме убедливи победници и водиме значително пред политичкиот противник, а оваа одлука ќе биде објавена на 8-ми септември, истакна Љупчо Николовски.
СДСМ претходнo, во два наврати ги соопшти кандидатите за градоначалници на 51 општина и град Скопје. Кандидатите се избираат по теренски анализи и испитувања на јавното мислење и по спроведени истражувања внатре во партијата.
А. Арсов