Почитувани граѓани,
Овие седум години од вас сум ја добил поддршката и довербата да бидам министер во Владата. Како млад човек, секогаш сум гледал како да помогнам и придонесам да ги задржиме младите дома, да им овозможиме иднина дома во својата држава.
Главната причина зошто младите се решаваат да заминат е подобрата иднина. Младите сакаат иднина дома и ние имаме обврска тоа да го направиме. Не смееме и немеме право да им ја загрозиме или уништиме иднината на младите, но и на идните генерации.
Затоа младите биле и остануваат наш главен фоус.
Едно од повисоките постигувања во делот на младите на власта предводена од СДСМ е Законот за младинско учество и младински политики, кој го донесовме уште во 2020 година. Ги позициониравме младите како фактор на прогрес во државата.
Во делот на земјоделството обезбедивме два гранта за поддршка на младите земјоделци, од 10.000 и 20.000 евра, за започнување и преземање на земјоделско стопанство, како и поволности при користењето на сите проектирани мерки во делот на земјоделството.
Денес имаме активни 15.493 млади кои што се занимаваат со земјоделство. Преку сите мерки што ги имаме креирано за поддршка, во периодот 2017-2023 година, се опфатени 2,689 млади корисници, кои добиле државна помош за комбајни, трактори, сушари за ориз, опрема за тутун, силоси, мандри, добиток или млад земјоделец, во висина од околу 1 милијарда и 600 милиони денари.
Сме помогнале и дале шанса над 15.000 млади луѓе својата идеја да ја реализираат дома во својата држава, да основаат своја винарија, дестилерија, свој земјоделски бизнис.
Со европски средства преку ИПАРД 2 програмата сме поддржале бизнис идеја на 1.212 млади лица, кои реализирале инвестиции вредни 8,122 милијарди денари.
Малдите заслужуваат уште подобра, европска иднина дома. Заслужуваат да ја донесеме Европа дома.
Затоа не смееме да се откажеме. Јас не се откажувам и останувам помеѓу вас граѓаните, секојдневно на терен, достапен како и до сега, секогаш тука за секој еден од вас граѓаните.
Младите имаат посебно место во нашата програма, преку младинскиот манифест имаме јасен план, како младите да имаат иднина дома во својата Македонија.
200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, државни станови за млади брачни парови, по примерот на студентскиот оброк, воведуваме бесплатен оброк и за учениците во основните и средните училишта.
За 50% ја зголемуваме поддршката за младите земјоделци, од 10.000 на 15.000 евра поддршка за започнување со земјоделска дејност, која авасно ќе ја добиваат младите. 20.000 евра, пак, добиваат младите земјоделци кои го преземаат земјоделското семејсно стопанство. За младите земјоделци обезбедуваме до 100% поголеми дополнителни субвенции во првите 5 години од кога го превземаат земјоделското стопанство.
За 40% ја зголемуваме и поддршката која како стипендија ја даваме до студентите од областа на земјоделските, шумарските и ветеринарните. Од 18.000 денари на 25.000 денари. За период од 9 месеци во годината, започнувајки од 2025 година.
Граѓаните ни пратија силна порака. Одговорноста ја прифаќаме. Овие избори кои ни претстојат се посебно важни за државата. Важни за иднината на сите граѓани, но и иднината на идните генерации. На нив не гласаме за или против СДСМ, туку за или против иднината на државта.
Со вашиот глас на изборите на 8 мај вие го трасирате патот на државата во следните години. Ве повикувам да гласате за европска иднина, за бројот 1 за нашиот претседател Стево Пендаровски и листата на пратеници од СДСМ и коалицијата.