Николчо Гоцев промовиран во носител на мајсторски појас 3-ти дан во реално аикидо

Синоќа во Реал аикидо клубот Нико од Кочани се одржа полагање за ученички појаси, кое е оценото за најквалитетно од страна на првиот човек на клубот Николчо Гоцев и претседателот на комисијата Ѓуро Илиќ.

Првиот човек на Реал аикидо федерацијата на Македонија, Ѓуро Илиќ во оваа прилика го промовираше Гоцев во носител на мајсторски појас (црн) трети дан.

Признанието што го доби Гоцев е за трудот што го вложува во последните години, кој дава резултат во промовирањето и развивањето на оваа вештина.

Сподели: