Деновиве излезе во јавност песната и спотот „Ништо нема паре“ како плод на меѓународната музичка соработка помеѓу кочанскиот музичар, композитор и естраден уметник, Саше Георгиев и турската музичка ѕвезда, Четин Ѓундер.
Песната и спотот е прва заедничка соработка на двајцата музичари, испеана на турски јазик и истата е снимена во музичкото студио „Македон“. Спотот е сниман на различни локации во Кочани.
Во тек е подготовка на заеднички албум помеѓу музичарите Саше Георгиев и Четин Ѓундер, во соработка со музичкото студио „Македон“.