НЛБ Банка донираше компјутери за ученици во социјален ризик

Општина Кочани ја прими донацијата од НЛБ Банка – девет компјутери, лаптопи со ранци, коишто ќе бидат наменети за ученици од кочанските училишта.

На средбата со претставниците на раководниот тим на кочанската филијала на НЛБ, градоначалникот Николчо Илијев се заблагодари за поддршката во реализацијата на наставниот процес во услови на пандемија.

Советот на Општина Кочани на идната седница ќе донесе одлука за распределување на компјутерите според потребите на учениците, во согласност со техничките карактеристики на донираните електронски уреди.

Сподели:
  • 258
  •  
  •  
    258
    Shares