Нова снежна покривка на Пониква, за в среда закажано ноќно скијање

Новата снежната покривка што викендов се формираше на Пониква создаде идеални услови за скијање на ски-патеките на Спортско-рекреативниот центар на Осоговските Планини.

Љубителите на зимските спортови в среда (24.03.2021),  ќе имаат можност повторно да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.

Ќе се скија на Ски-патеката 1 која е целосно израмнета и подготвена за скијање и ќе биде отворена во периодот од 17 ч. до 20 ч.

Патнит правец до СРЦ „Пониква“  е целосно прооден.

И. Матеничарски

Сподели: