Од неодамна на неколку локации во Кочани се поставени подземни контејнери за собирање на отпад каде грѓаните може да селектираат и депонираат отпад од хартија, пластика и комунален отпад.
До интернет-порталот „Гласно “ пристигнаа фотографии на кои се гледа смет кој е исфрлен во непосредна близина на поставените подземни контејнери во централното градско подрачје на градот.
Одговорните служби апелираат до граѓаните и угостителските објекти лоцирани во Трговскиот центар, отпадот да го селектираат во помали вреќи и истиот да го депонираат во поставените подземни контејнери. Утринава екипи на Комунална хигиена на местата каде се поставени подземни контејнери затекле отпад кој бил оставен веднаш до надземните канти, а садовите за отпад под земја биле целосно празни. Оттаму апелираат граѓаните и вработените во угостителските објекти да ги користат подземните контејнери бидејки и поставените стандардни надземни садови за отпад кои се уште стојат на локациите каде се поставени подземните садови наскоро ќе бидат тргнати.
Целта е да се создаде навика за селектирање на отпад и негово подземно депонирањe. Со тоа се избегнува непријатната миризба, расфрлање на отпадот, поместување и оштетување на контејнерите, а притоа се заштедува простор и се подобрува изгледот на околината.
Претходно, од КЈП „Водовод“ повикаа на висока јавна свест при исфрлањето на отпадот во подземните контејнери, што ќе биде чекор напред за унапредување на јавната чистота во локалната средина.
И. Матеничарски