Нови садници на улиците „Борис Трајковски“ и „Стево Теодосиевски“ во Кочани

На улицата „Борис Трајковски“, која е во фаза на рехабилитација, деновиве се сади млада високостеблеста вегетација.

Според комуналниот инспектор, на тротоарот спроти Зелениот пазар, се засадени 17 стебла топчест јасен и црвена слива.

На тротоарите на улицата „Стево Теодосиевски“ се обновени искршените стебла.

Дополнувањето и обновувањето на јавните површини со нови садници ќе продолжи и наредниот период. 

Општина Кочани апелира до граѓаните грижливо и совесно да се однесуваат и да не го оштетуваат зеленилото. 

Сподели: