Почна изградбата на тротоари во населбата Валог, кај повеќенаменското игралиште. Механизацијата на градежната фирма „Патиомонт“ од Кавадарци ги изведува земјените работи. Овој населен и фреквентен дел од Кочани ќе добие уредна пешачка зона, поплочена со бехатон.
Неодамна заврши реконструкцијата на тротоарот на улицата „Браќа Ставреви“, со која беше поплочен тротоарот во должина од 180 метри. Реконструкцијата опфати и замена на дел од уличните рабници со нови, повисоки, за да се намали можноста за злоупотреба на овие површини од непрописното паркирање.