Во делот на јавното осветлување, Општина Кочани работи на поставување нови улични светилки на јавните прометни површини – улици, тротоари и игралишта.
Во Тркање е осветлено повеќенаменското игралиште со ЛЕД-рефлектори, а поставени се нови светилки и на повеќе критични, недоволно осветлени места. Јавното осветлување е подобрено на неколку улици во селото Прибачево, а во Грдовци осветлен е централниот дел од селото, улиците „Маршал Тито“, „Љупчо Сантов“, „Плачковица“ „Мите Павлов“ и „Гишо Донев“. Нови светилки се поставени и на седум улици во селата Горни и Долни Подлог.Денеска работите продолжуваат во Оризари, во населбата Селишта.
Според Драги Јорданов, одговорен службеник за јавното осветлување во Општина Кочани, во наредните денови се планира реализација на втората фаза: на позиции каде што недостигаат, да се постават нови столбови со ЛЕД-светилки во руралните делови на Кочани.
Со подготовка на теренот веќе течат работите и за вградување на новото јавно осветлување на реконструираниот локален пат од Антура до Мојанци, со што ќе бидат осветлени 2 200 метри на релацијата Подлог-Мојанци , како и на потегот од Горни до Долни Подлог.
Средствата во висина од 60 илјади швајцарски франци се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка. Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев оценува дека со поставување најавното осветлување, трите населени места ГорниПодлог, ДолниПодлог и Мојанци ќе добијат урбан лик, каков што им прилега според близината до административниот центар.
Според јавната набавка за 2020 година, Општина Кочани ќе намени 446.300 денари за одржување на јавното осветлување и 1.600.000 денари за изградба на ново улично осветлување.