Во новогодишна атмосфера и празнично уреден простор, во Паркот на револуцијата во Кочани започна Новогодишниот базар што во наредните две седмици ќе биде достапен за граѓаните на Кочани.
Дрвени монтажни куќички во кои се нуди греано вино, кафе, чај, благо и рачни изработки, придружено со украсениот амбиент денеска собра поголем број на граѓани кои го поминаа попладнето во Паркот на револуцијата придружени со звуците на бендот „Malinov Crew“.
Новогодишниот базар ќе биде отворен во периодот од 23 декември до 8 јануари 2023 год., а продажните штандови придружени со новогодишна програма ќе работат од 10 до 22 ч. секој ден.
Новогодишен настан од ваков тип за прв пат се организира во Кочани. Организатор на новогодишниот базар е Кафе бар „Пролет“ со поддршка на Локалната самоуправа на Кочани.
И. Матеничарски