Новогодишен базар на можности организираа наставниците и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари

Вработените и учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари  со богата културно уметничка програма  ја испратија старата и ја пречекаа новата година. Во холот  на училиштето но и во училишниот двор се одржа традиционалниот  базар на можности на кој учениците од прво до деветто одделение на десетина штандови ги изложија своите рачни изработки. Преку вештите раце на децата а со помош на наставниците и родителите изложените експонати беа вистинско задоволство за присутните.

Училиштето беше преполно со родители и ученици кои си купија од рачните изработки.

Учениците од шесто до деветто одделение пак надвор во училишниот двор гостите ги угостија со  чајче и новогодишни колачиња.

На базарот му претходеа работилници на кои учествуваа родителите и учениците и ги направија сите изработки кои ги продаваа на штандовите.

Сподели: