Во пресрет на Новогодишните празници, ОУ „Синиша Стоилов“ реализираше новогодишна приредба за граѓаните.


– Во Домот на културата во Зрновци, во чест на претстојните Новогодишни и Божиќни празници, се одржа Новогодишна приредба од учениците од ОУ,, Синиша Стоилов” Зрновци. При тоа учество земаа учениците од централното и подрачното училиште, со драматизации и ритмички точки. Исто така на дел од присутните гости им беа поделени некои од изработките кои беа направени на Новогодишната работилница заедно со родителите, учениците и наставниците – истакна Александра Соколова, в.д директор на „Синиша Стоилов“.

