ООУ „Никола Карев“ во училишниот двор го спроведе Новогодишниот пазар на рачни изработки на кој беа изложени најразлични новогодишни украси и изработки создадени од учениците од основното училиште.

– Новогодишниот пазар се организира за прв пат и претставува место каде се изложени рачни изработки од страна на учениците. Целта е да се направи новогодишна атмосфера, и сето ова да прерасне во традиција и поголем настан во иднина. Сакаме да ја истакнеме креативноста на нашите ученици и наставници кои и помагаат во изработката на рачните изработки – истакна Александар Андов, в.д директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани.
Новогодишниот пазар беше од отворен и продажен карактер.



