Новогодишна магија во Игротека Амор

Во пресрет на новогодишните празници Игротека Амор приреди вистинско предновогодишно уживање за најмладите сограѓани.

Преку новогодишна програма, Дедо Мраз и неговата придружничка  со песна, игра и  новогодишни приказни  за момент  ги развеселија дечињата и направија вистинска новогодишна атмосфера.

Дечињата имаа можност да ги кажат своите новогодишни желби , да се сликаат и  уживаат во прекрасната програма која ја приреди тимот на Игротека Амор  . Дедо Мраз на сите дечиња им подари балони, новогодишни реквизити, колачи, а тие за возврат одговорија со искрена детска насмевка.

Од Игротека Амор се заблагодаруваат на сите родители и деца со желби за среќни празници и уште многу заеднички дружби.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial