Новогодишна честитка на градоначалникот Николчо Илијев до граѓаните на Кочани

Почитувани сограѓани,

На истекот на 2019 година, дозволете ми да ви се заблагодарам за одличната соработка и разбирање што ги имавме со вас, граѓаните на Кочани!

Ако во 2018 година ги скениравме состојбите и ги зацртавме целите за рамномерен локален развој – во градот и во населените места – 2019 година ги покажа првите резултати од нашето работење.

Затоа, со право сите очекуваме 2020 година да даде целосни ефекти од заложбите за поквалитетно и поубаво живеење во нашата локална заедница.  

На сите вас ви посакувам лесен чекор и добри мисли во идната година!

Новата што доаѓа да ја поминеме во хармонија, изобилство од здравје и семејно спокојство!

Нека биде среќна и бериќетна 2020!

 Градоначалник на Општина Кочани,

Николчо Илијев

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial