По повод Новогодишните празници, кочанските мото-клубови „Strong Riders“ и „Желки“ в сабота (30 декември) организираат заедничко дружење со најмладите во Кочани.

Планирано е членови на мото-клубот обелечени како Дедо Мраз да продефилираат низ кочанските сообраќајници при што во Паркот на револуцијата во Кочани ќе се дружат со најмалите –дечињата кои ќе имаат можност да се фотографираат со моторите и Дедо Мраз.

Настанот е планиран да започне во 12:30 ч. под наслов „Дедо Мраз на мотор“
И. Матеничарски