Новогодишно обраќање на пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Миле Лефков

Пратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО –ДПМНЕ, Миле Лефков денеска во просториите на Канцеларијата за контакт со граѓаните одржа прес – конференција за медиумите.

„Почитувани граѓани,

Денес на  отворениот ден којшто функционира во Канцеларијата за контакт со граѓаните, решивме да направиме мала свеченост при што ги поканивме нашите сограѓани за да можеме да разговараме за проблемите и за сето она што е направено и не е направено и она што останува да биде направено во следната година.

Уште една година ја испраќаме во време на кризи, инфлација и осиромашување како што не паметиме одамна. Ако сакаме да живееме достоинствено и да има подобар живот за сите луѓе, ако сакаме да ја оствариме нашата генерациска должност кон постарите и ако сакаме да создадеме држава во којашто младите ќе сакаат да остануваат, а не да си одат, ќе мора да започнеме со промените уште веднаш, да се почитувме и заеднички да работиме за подобра иднина.

Затоа во Новата 2023 год. треба да поставиме општествени приоритети, еден од општествените приоритети е организирање на предвремени избори на кои граѓаните ќе може да ги кажат својот глас, а потоа решително ќе почнеме да се бориме со корупцијата, која го предизвикува осиромашувањето, која го урнисува судството и правната држава и корупција којашто предизвикува сите да сакаат да се иселуваат и да имаме понеквлаитетен живот во Макеоднија.

Затоа потребно е да бидеме сплотени, да влеземе во Новата година со нова енергија и затоа дозволете на сите граѓани да им посакам успешна среќна Нова 2023 година, година со многу здравје и меѓусебно разбирање“ – соопшти во новогодишното обраќање пратеникот Лефков.

Сподели: