Денеска официјално во употреба го пуштивме и Детското игралиште во нашето училиште.
Ова детско игралиште е дел од заедничкиот проект со Ротари клубот ,, Кочани-Виница” во склоп на проектот ,,НАПРАВИ РАЗЛИКА”, кој е финасиран од USAID заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и РК Штип.

Ова детско игралиште е делот кој требаше ние како училиште да го финасираме за да останиот дел од заедничкиот проект, а тоа се две подлоги за кошаркарско и фудбалско игралиште се реализира од страна на пректот ,,Направи разлика”.
Благодарност и до Општина Кочани што ни ги додели старите детски лулашки за да ние како училиште ги репарираме и поставиме.


Поставивме клупи и столчиња на самиот детски парк.
Благодарност и до бизнис секторот, односно компаниите: “ЕВРОПА 92”, АЛМА”, “КУЗЕ 2000”, ” Mr.Black” и ”Есклузив” кои ни помогнаа и заедно со нашето училиште финансиравме и поставиме специјална гумирана подлога и специјална заштитна ограда на детскиот парк.
ООУ „Никола Карев“ – Кочани


