Би сакале да ве информираме дека во текот на изминатиот период во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани се реализираа повеќе активности за подобрување на квалитетот на наставно-образовниот процес во училиштето, а воедно и подобрување на условите за учење и работа во ова училиште.
Во текот на изминатиот месец започнаа да се реализираат активности за промена на подот во 22-училници во Централното училиште. Овој проект ќе се одвива во две фази и е добиен во соработка со USAID и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) . Првата фаза од овој проект ги опфати 16-те училници на приземјето и првиот кат во училиштето , и оваа прва фаза е целосно завршена, додека втората фаза која ги опфаќа 6-те училници/кабинети на вториот кат ќе се реализира во почетокот на следната календарска година.
Денес со набавката на нови 370-столчиња за учениците од ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани , училниците во училиштето се доопремија и добија сосема нов лик. Имено би сакале да напоменеме дека предходните столчиња кои се користеа повеќе од 30-тина години веќе беа целосно дотраени и постојано ја оштетуваа облеката на нашите ученици, при што училиштето самостојно обезбеди средства и изврши набавка на нови 370-столчиња, со што нашите ученици од денес па во иднина ќе се чуствуваат многу побезбедно и поудобно при нивниот престој во училиштето.
Со почит
Даниел Кралев
Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани