Нов случај на заразен од КОВИД-19, 63 лица во самоизолација

Уште еден нов случај на заболен од коронавирус е евидентиран на подрачјето на Кочани, па вкупниот број лица во изминативе седум дена е 18.

Полициските служби од Одделението за внатрешни работи вршат здравствен надзор над 63 лица во самоизолација, од кои 9 во Зрновци, 20 во Чешиново-Облешево и 34 коишто се во самоизолација во Кочани.

Со одлука на Владата, од денескa ограничувањето на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови траеод 16 часот попладне до 5 часот наредниот ден. За време на викендите забраната за движење за сите граѓани ќе трае 24 часа, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Лицата над 67-годишна возраст, во текот на работните денови, од понеделник до петок, ќе можат да се движат само во периодот од 10 до 12 часот, а младите до 18 години во текот на работните денови, од понеделник до петок, ќе можат да се движат само во периодот од 13 до 15 часот.

Според Одлуката на Владата, забрането е движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Сподели: