Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ денеска во Кочани ја отвори новата деловна единица „Sachsenkabel “ – Македонија за производство на оптички кабли.

Новата деловна единица е во склоп на производствениот погон „Amphenol Antenna Solutions“ во која е сместена современа опрема за изработка на оптички кабли.

– Денеска го официјализираме стартувањето на нова деловна единица во склоп на „Амфенол Технолоџи Македонија“. Тоа е „Amphenol Sachsenkabel “. Претходниот период стартувавме со пробно производство и помал број, а сега веќе го официјализираме производството. Во моментот имаме 20 тина вработени коишто работат на производство на оптички кабли. Се надеваме дека во иднина, обемот на работа ќе се дуплира, истакна Сашко Наков, генерален менаџер на „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Наков истакнаа дека оптичките кабли се испорачуваат за „Дојче Телеком“ и „Дојче Банк“ кои како сериозни и стабилни клиенти кои имаат план, предвидлив раст, потреби и согласно тоа порачки на производите.
Од „Амфенол Технолоџи Македонија“ воедно ја најавија и прославата на 10 годишнината од основањето на компанијата која ќе се одржи на 23-24 октомври.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов


