Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска се спроведе редовната ноемвриска крводарителска акција.
Под посебни услови за заштита од Ковид-19 на акцијата крв даруваа 22-ца крводарители, а истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип.
За текот на акцијата изјава за медиумите даде Анета Коцева, секретар на Црвен крст Кочани.
– Ова е 14-та крводарителска акција која ја реализираме во текот на оваа година . До крајот на годината планирана е уште една редовна крводарителска акција во Црвен крст Кочани, но дополнително планираме и неколку вонредни акции за дарување крв, истакна Коцева.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов