Ноќва почнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето ќе започне ноќта од сабота на 29 октомври кон недела 30 октомври кога стрелките ќе се поместат еден час наназад.

Летното сметање на времето завршува на 30 октомври во три часот по полноќ, кога стрелките ќе се поместат еден час наназад, односно ќе биде два часот.

Зимското сметање на времето започнува последниот викенд во октомври, а завршува последниот викенд во март, кога со поместување на стрелките еден час понапред повторно започнува летното сметање на времето.

Сподели: