Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога настапува летното сметање на времето.

Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2020 година е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 79, од 26 март.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial