НСП на протест пред ОВР – Кочани за поддршка на суспендираните полицајци

Независниот синдакт на полицијата денеска напладне пред зградата на Одделението за внатрешни работи – Кочани  организираше протест поради суспендирање на четворица полициски службеници од ОВР – Кочани.

Кордонот полицајците наспроти своите колеги беше деншната слика пред зградата на кочанската полициска станица, каде поддршка на суспендираните полицајци даде и Синдикатот на полицијата од Србија , граѓани, пензионирани полицајци и вработени во полицијата од регионот.

– Бараме Одделението за внатрешни работи – Кочани да ги преиспита сите дадени  кривични пријави кои според нас и аналитичките податоци со адвокатите и правниот тим од независниот синдикат се неоправдани. Четирите решенија за супензија се донесени неосновано без предвидената процедура и постапка во Министерството за внатрешни работи и  без согласност на лица кои требало да ги поминат насоки кои ги дал ОВР – Кочани – истанаа од Независниот синдикат на полицијата.

Четирите суспендирани полицајци се теретат поради тоа што преземајки службени дејства со „Радар“ напишале казна за пречекорена брзина, но не забележале дека возилото не било регистрирано и затоа не составиле налог.

За овој пропуст на  суспендираните полицајци им е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. За ваков превид во пракса следувало дисциплинска постапка, но не и суспензија и кривична пријава како што било случај.

И. Матеничарски

Сподели: