Обвинителството во Кочани постапува по дојава за агитација пред избирачки места, превоз на гласачи, како и сомнение за вршење поткуп

Основното јавно обвинителство Кочани известено е од ОВР Кочани за повеќе настани кои се однесуваат на вршење агитација пред избирачки места, превоз на гласачи,  како и сомнение за вршење поткуп и повреда на слободата на определувањето на избирачите.

„По дадените известувања во обвинителството се оформени предмети и дадени се насоки да се утврди идентитетот на лицата, да се достават податоци за возилата и да се извршат оперативни проверки.Јавното обвинителство продолжува со следење на процесот на гласање и постапува по сите сомненија за евентуално сторени кривични дела поврзани со локалните избори“, велат од Јавното Обвинителство.

Сподели: