„Облека за сите“ во организација на подмладокот на Здружението на граѓани „Green“

Младите активисти од Здружението на граѓани  „Green“ денес организираа хуманитарна активност со наслов  „Облека за сите“

На штандот пред Центарот за култура „Бели мугри“, граѓаните донираат облека од втора употреба. Облеката е наменета за лица од социјално ранливи категории кои можеа бесплатно  да земат парче облека за себе.

Како што информираше претседателот на подмладокот на  Здружението на граѓани „Green“ од Кочани Јован Стојанов,  облеката која нема да биде поделена ќе биде доставена до локалниот Црвен крст кој понатму ќе ја дистрибуира до загрозените лица.

Акцијата за собирање на облека продолжува и утре на истата локација.

И.Матеничарски

Сподели: