ООУ „Никола Карев“ – Кочани деновиве изврши замена на оградата на училишниот двор, откако претходно старата и дотраена ограда беше нефункционална и на повеќе места оштетена.

Нова ограда доби просторот од главниот влез откај булеварот „Никола Карев“, во должина кон задниот влез на Полициската станица.
– Денес на наше огромно задоволство успеавме да ја смениме комплетно надворешната училишна ограда проблем кој долги години стоеше нерешен,со промената успеавме да го промениме надворешниот изглед на училиштето,но и ја подобривме безбедноста на влезот на нашето училиште, ООУ „Никола Карев”-Кочани“ – истакна Александар Андов – директор на ООУ „Никола Карев“ од Кочани.

