Обука за социјални услуги во домот

Во вторник, 13 јуни, во салата на Советот на Општина Кочани (Венчалната сала), со почеток од 10:30 ч., Јавната установа Завод за социјални дејности – Скопје ќе одржи обука на тема Социјални услуги во домот.

Обуката е наменета за потенцијални даватели и корисници на социјални услуги во домот, а ќе присуствуваат и претставници на Центарот за социјални работи, Центарот за вработување – Кочани, Црвен крст и на здруженија на лица со инвалидитет.

Целта на обуката е присутните да се запознаат со видот и начинот на давање и добивање на социјалните услуги во домот и законската рамка на работење.

Обуката ќе трае до 14:30 ч.  

Сподели: