Објава за поднесување на пријава на штета од елементарна непогода(град) на земјоделско земјиште

Општина Кочани на ден 26.06.2024 година објавува јавна

ОБЈАВА

за поднесување на пријава на штета од елементарна непогода (град) на земјоделско земјиште настаната на територијата на општина Кочани на 24.06.2024 година

  1. Се информираат граѓаните кои имаат претрпено материјална штета на земјоделско земјиште на територијата на општина Кочани од невремето –град на ден 24.06.2024 година дека можат да поднесат писмена Пријава за настанатата штета до Општина Кочани со цел Комисијата за штети да излезе на увид на лице место и да ја констатира пријавената штета.
  2. Образецот на Пријавата за штета може да се подигне од Eдношалтерската канцеларија во Oпштина Кочани, да се преземе од веб-страницата https://kocani.gov.mk/ на Општина Кочани или граѓанинот може да поднесе своја Пријава за штета со потребните податоци за постапување по истата.
  • Кон пријавата задолжително да се треба да се приложат:
  • копија од лична карта
  • копија од трансакциска сметка
  • фотографии од настанатата штета (отпечатени на хартија)
  • фотокопија од имотен лист или фотокопија од договор за закуп.
  • Изјава за давање согласност за заштита на лините податоци.
  1. Пријавата за штета со потребните податоци и прилог документи наведени во точката III да се поднесе во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани најкасно до 05 јули 2024 година.
  2. Дополнителни информации можете да побарате во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани или на телефон 072-306-077, емајл zoranzafirov@kocani.gov.mk, Претседател на комисијата за штети на земјоделско земјиште Зоранчо Зафиров.

Симни  пријава и изјава  ОВДЕ.

Сподели: