Објавен конкурс за обука на сертифицирани негователи за помош и нега на стари лица

Се повикуваат сите заинтересирани лица од Кочани, Чешиново и Облешево и Зрновци кои сакаат да посетуваат обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат почнувајќи од 11.07.2023 година до 25.07.2023 година. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Да се државјани на Р.С. Македонија;

-Да имаат над 18 години;

-Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

-Да имаат завршено минимум основно образование;

-Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;

-Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Кочани.

Напомена: Обуката за Негувател/ка за помош и нега на стари лица е сертифицирана.

Истата се спроведува во рамките на проектот: „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите врз општеството со посебен фокус на постарите луѓе„ – Финансиран од Австриско Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, со поддршка на Австрискиот Црвен крст.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: stip@redcross.org.mk или kocani@redcross.org.mk  за контакт Црвен крст Штип: 074/203-030                                                                     

Црвен крст Кочани: 070/360-855 или 071/273-352

Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

Сподели: