О Г Л А С
за организирање Новогодишен базар по пат на јавно наддавање
- Новогодишниот базар ќе се одржи на целата парцела на Градскиот парк во Кочани.
- Новогодишниот базар ќе се одржи во периодот од 23.12.2022 год. до 08.01.2023 год.
- Почетната цена за јавното наддавање изнесува 30 000,00 ден. + ДДВ, со праг на наддавање од минимум 3.000,00 ден.
- Јавното наддавање ќе се спроведе на 30.11.2022 год. во 12:00 часот во просториите на Општина Кочани, ул.„Раде Кратовче“ бр. 1, Кочани.
- Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација.
- Како доказ да се достават Тековна состојба не постара од 6 (шест) месеци и доказ за активна трансакциска сметка.
- Уплатата ќе се врши на жиро-сметката 736014044463010 – Буџет на Општина Кочани, приходна шифра 725 939, 100000000 63095 НБРМ.
- На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници – правни лица.
- Во случај да не успее јавното наддавање, веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник, ќе биде реализирано.
- Постигнатата цена најповолниот понудувач има обврска да ја уплати на сметката на Општина Кочани, истиот ден по завршување на лицитацијата.
- Општина Кочани ќе склучи Договор со најповолниот понудувач, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.
- Општина Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на Базарот, да обезбеди поставување и украсување елка и украсување на просторот во Градскиот парк, да обезбеди вода, струја, санитарни јазли што ќе ги одржува и за време на Базарот и редовно да го чисти просторот од отпадоци.
- Обврска на закупецот е да обезбеди минимум 10 монтажно-демонтажни објекти и штандови изработени од дрво или плексиглас, за продажба на: храна, крофни и палачинки, кафе и пијалаци, сувенири, ракотворби и детски играчки и сл.
- Обврска на закупецот е да ги издава монтажно-демонтажни објекти и продажни штандови согласно законските прописи.
- Закупецот има обврска да изготви документи согласно Законот за комунални такси и Законот за административни такси.
- Монтажно-демонтажните објекти што ќе бидат поставени да имаат можност да работат од 10:00 до 22:00 часот, секој ден во периодот од 23.12.2022 год. До 08.01.2023 год.