Објавен повикот за доделување 15 стипендии за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Општина Кочани го објави јавниот повик за пројавување интерес за доделување 15 стипендии за додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за академската 2022/23 година.

Право на учество на јавниот повик имаат жители на општина Кочани кои се високо мотивирани да стекнат академски знаења на овој Универзитет.

Кандидатите треба да поднесат мотивациско писмо во кое јасно ќе биде наведено досегашното образование, познавањето странски јазици, причините за аплицирање, постигнатиот успех во рамки на средното образование, факултетот на кој студентот ќе се запише и копија од лична карта. Општина Кочани го задржува правото, доколку е неопходно за донесување правилна одлука, во текот на постапката да побара и други документи.

Потребната документација се доставува во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта во затворен плик на адресата на Општината. Рокот за пријавување е заклучно со 5 септември.                                                                                                    

Општина Кочани ќе достави до Универзитетот за туризам и менаџмент список со избраните студенти, а сите формалности околу уписот и потребната документација ќе бидат обврска на кандидатот.

Сподели: