Објавен јавен повик за ангажирање на лица за спроведување на работилници за стекнување на работни вештини на слепи и слабовидни лица

„Здружението на слепите лица“ – Кочани, во рамки на проектот „Подобрување на вештините на слепите и слабовидни лица во Кочани и нивно интегрирање во процесот на рециклирање на отпад“, проект кој го спроведува во партнерство со Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани, објавува Јавен повик за ангажирање на лица за спроведување на работилници за стекнување на работни вештини на слепи и слабовидни лица. Проектот „Подобрување на вештините на слепите и слабовидни лица во Кочани и нивно интегрирање во процесот на рециклирање на отпад“ се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2“ која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

  1. Опис на работилниците

Во работилниците ќе земат учество 15 слепи и слабовидни лица од Кочани и околината, кои во зависност од своите способности е предвидено да се стекнат со одредени вештини за изработка на ракотворби од отпадни материјали.

Содржината и методологијата на работа на обуките треба да се прилагоди на потребите

на целната група.

Работилниците треба да бидат практични – да се изработуваат ракотворби од отпадни материјали. Истите се предвидени да бидат еднодневни (3-5 часа), и ќе се реализираат во просториите на Здружението на слепи лица во Кочани. Предвидени се вкупно 12 работилници, од кои секое ангажирано лице треба да реализира по 4.

Во зависност од временските прилики, дел од обуките ќе се реализираат во месеците октомври/ноември 2022 година, а дел во март/април 2023 година.

2. Работни задачи на ангажираните лица

Селектираните обучувачи ќе треба:

– Да изготват финален дизајн на работилницата со методологија за работа согласно потребите

на целната група, најмалку 5 дена пред работилницата ;

– Да набават отпадни материјали за работа (хартија, пластика, текстил, дрво) , најмалку 5 дена пред работилницата;

– Да подготват и предадат на проектниот тим список со потребен дополнителен материјал за работа најмалку 5 дена пред работилницата;

– Да спроведат по 4 работилници;

– Да изготват наративен извештај (Записник) за реализираната работилница.

Селектираните обучувачи пред испорака на работилниците ќе склучат Договор за дело со „Здружението на слепите лица“ – Кочани во кој ќе се регулираат договорените обврски.

3. Услови за пријавување

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнат следните критериуми/ услови:

– Да имаат искуство во организирање на работилници;

– Да имаат искуство во изработка на ракотворби вклучително и од отпадни материјали;

– Да имаат добро познавање и искуство со тимска работа и работа со лица со посебни потреби;

4. Документи за пријавување

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:

– Кратка биографија (CV);

– Листа на испорачани работилници;

– Финансиска понуда;

– Мотивационо писмо.

5. Начин и рок за пријавување

Документите за пријавување треба да се достават по електронски пат на е-маил адресата:

zslkocani2020@yahoo.com , со назнака за Јавен повик за ангажирање на лица за спроведување на работилници за стекнување на работни вештини на слепи и слабовидни лица.

Пријавувањето на заинтересираните лица е најдоцна до 5 октомври 2022година

Со почит,

Здружение на слепите лица

Кочани

Сподели: