Општина Кочани ги повикува граѓаните, урбаните и месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Програмата за култура на Општина Кочани за 2022 година.
Области на проекти кои ќе бидат поддржани:
- Музичка дејност
- Музички изданија
(Музичкиот состав или музичарот / музичарката за кој се аплицира, да се /е роден/а или да живее во Општина Кочани.)
- Драмска дејност
- Фолклор
- Литературна, уметничка, стрип и научно- истражувачка дејност
- Визуелни уметности
- Фестивали од мал тип
- Фестивали од среден тип
- Фестивал од поголем тип- посветен на урбаната култура со работно име „Урбан Фест“ или „Нов град“(овој фестивал ќе биде координиран и соорганизиран помеѓу општината и здружение или институција)
Распределбата на средствата од Буџетот за култура на Општина Кочани за 2022 година наменети за финансирање на проекти и активности,Општина Кочани ќе го врши врз основа на критериумии приоритети.
Временската рамка за спроведување на прифатените проекти е од 1.1.2022 до 31.12.2022 година.
Покрај Пријавата за финансирање на проекти која треба да биде пополнета, потпишана од застапникот и заверена со печат (доколку е правно лице),задолжително треба да ги достави следниве прилози:
- Пополнета Пријава (образец во прилог)
- Фотокопија од решението за регистрација на правното лице;
- Образец-Извештај за искористени средства за претходната 2020 година(доколку има користено)
- Уверение за платени даноци издадено од даночните органи.
- Изјава за лични податоци
- Предлог проекти со финансиска конструкција
Потребните информацииоколу предлог проектите и активностите, може да ги побарате на kultura@kocani.gov.mk или тел: 072586818
Програмите и предлог проектите со финансиската конструкција,во електронска форма треба да се достават преку електронска пошта на адреса kultura@kocani.gov.mk (со назнака за јавен повик за предлог-проекти), или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани,најдоцна до 12.11.2021 година.