Со отпочнувањето на матурските и полуматурските свечености, како во целата држава, така и на подрачјето што го покрива Полициската станица од
општа надлежност — Кочани, зачестена е појавата на асоцијално и девијантно
однесување на младата популација, особено на лицата кои оваа година го
оформуваат средното образование.
Од тие причини апелираме до сите граѓани, а посебно до младите лица
да го ограничат конзумирањето на алкохол при прославите на матурските
свечености, без разлика дали свеченоста е организирана од страна на одделно училиште или пак се работи за приватна забава, како и да се воздржат од праксата за управување на моторни возила во периодот кога присуствуваат на матурските прослави
Заради сузбивање на негативните појави, ПС Кочани ќе врши зајакнати
контроли на теренот, а против прекршителите на позитивните законски регулативи ќе бидат преземани сите законски мерки.
Началник на ОВР-Кочани – Горан Сандевски