На 18.01.2023 од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани спроведена е едукативна кампања со цел превенирање и заштита од кражби и други имотни деликти.
На повеќе локации во Кочани, низ средби со населението укажано е на начините на заштита од кражби и други кривични дела, а исто така, граѓаните добија совети како да постапат доколку се сведоци на кривично дело или, пак, поседуваат корисни информации кои можат да помогнат во расчистување на кражби или друг вид имотни деликти.
Во текот на средбите на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина.