Ограбен малолетник на Градскиот плоштад во Кочани

Мајка пријавила дека на плоштадот во Кочани бил ограбен нејзиниот малолетен син.

– На 10.06.2022 во 16.00 часот во Полициска станица Кочани, Б.К.(37) од Кочани пријавила дека на 07.06.2022 околу 23.45 часот на градскиот плоштад во Кочани едно лице одзело пари од  нејзиниот малолетен син, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дневен билтен на МВР

Сподели: