Одбележана 121 годишнина од раѓањето на Малина Попиванова

На свеченост по повод 121 година од раѓањето на револуционерката Малина Попиванова, кочанското основно училиште го одбележа својот патронен празник.

На свеченоста во салата на училиштето учениците читаа литературни творби во чест на патронот, изведба на ритмичка точка, додека уметничкиот дел на настанот беше доверен на училишниот хор и оркестар.

Свежо цвеќе пред спомен – бистата на револуционерката во училишниот двор  положија делегација на Локалната самоуправа на чело со градоначалникот Љупчо Папазов, училиштето и директорот Благој Петров  и претставници од Здружението на борците од НОВ.

Фото: A. Арсов

Сподели: