Денеска по повод 20 мај, Денот на македонските пожарникари, ТППЕ Кочани го одбележа денот во кругот на Територијалната противпожарна единица.
Градоначалникот Љупчо Папазов им го честита празникот на кочанските пожарникари, ја истакна благодарноста кон нивната хумана професија и им ги врачи наградите.
Наградата за најдобар пожарникар во 2023 година му ја додели на Благојчо Паунов од ТППЕ Кочани, а Наградата за најдобар доброволен пожарникар му беше врачена на Дејан Минов од ДПД Кочани.