ООУ Климент Охридски-Облешево со пригодна манифестација и обраќање на ВД директорот на училиштето Јорданче Костадинов го заврши овогодишното чествување на парониот празник и активностите што по тој повод беа спроведени изминативе денови.
Учениците во преполната сала се представија со музички и актерски точки. Беа поделени награди за најуспешните на организираните спортски натпревари,на кои првото место го освоија учениците од готинската екипа на ООУ Страшо Пинџур –Соколарци.
Исто така бе поделени благодарници за учесниците во ликовната колонија и изложени преубавите уметнички дела.
Во поздравниот говор директорот на ООУ Климент Охридски-Облешево истакна за најновите реализирани проекти,и за идните планови за подобрување на условите за успешна реализација на воспитно образовната работа.
ООУ „Климент Охридски“-Облешево